Силен земјотрес ја погоди Грција

49

Според првичните податоци на Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот се наоѓа 4 километри северозападно од Неа Стира, а хипоцентарот бил на длабочина од 2,3 километри.

Професорот по геологија и претседател на Организацијата за антисеизмичка заштита на Грција (ОASP), Ефтимиос Лекас, за ЕRTnews изјави дека регионот каде што се случил земјотресот важи за „асеизмичко подрачје“ и дека станува збор за област кој не произведува големи земјотреси, за разлика од соседната кај Каристос.

Сепак, Лекас предупреди дека во текот на ноќта се очекуваат афтершокови со јачина до околу 4 степени според Рихтеровата скала.

Претходна вест29. републички пензионерски спортски натпревари во Скопје
Следна вестМладите македонски фудбалери и со играч повеќе поразени од Италија