Шукова од Кисела Вода: Скопје ќе има модерен и функционален јавен превоз

46

На средбата со Општинската организација на СДСМ во Кисела Вода порачав дека СДСМ и коалициските партнери имаат издржана и најдобра програма за Скопје да стане модерен и хуман град за живеење.

Противкандидатот Ѓоргиевски вели дека реализирал 90% од својата програма, но жителите на Кисела Вода најдобро знаат дека вистината е сосема поинаква. Денес чистат делови од општината само заради митинзи и пропаганда, а утре повторно ќе ја остават Кисела Вода да тоне во смет и депонии. Тоа нема да го дозволиме. Нудиме квалитетен кадар за градоначалник и советничка група кои со план и програма ќе ги решаваат проблемите – не со лажни ветувања за ден или два.

Ако ја добијам довербата, Скопје ќе има модерен и функционален јавен превоз. Ќе го решиме проблемот со Дрисла и Вардариште – но не со илузии за забавен парк врз депонија, туку со одржливи и безбедни решенија кои експертите ги препорачуваат.

Лекцијата од граѓаните на последните парламентарни избори ја научивме. Денес СДСМ со своите коалициски партнери оди единствено и сплотено напред.

Претходна вестТрамп: Близу сме до договор за крај на војната во Газа и ослободување на заложниците
Следна вестСДСМ обвинува: Кандидатот за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ дел од шумската мафија?