Прес-конференција, Трајче Стојчевски:
-Пред неколку денови поставивме јасни прашања до градоначалникот Иван Јорданов, во врска со мега скандалот за нафта тежок 18 милиони денари.
-Како и вообичаено градоначалникот Јорданов сака да зборува за сѐ, освен она за што е посочен од граѓаните. Заради тоа, во интерес на штипската јавност, повторно го повикуваме градоначалникот Иван Јорданов и неговата десна рака Вишна Шорова Ангелова, да излезат пред штипјани и да го разјаснат случајот со скандалот за нафтата во кој се вклучени нивните најблиски соработници и сопартијци.
Јавноста и штипјани чекаат одговор за тоа:
Кој го потпишал договорот за јавна набавка на нафта со компанијата чии сопственик и управител се прво – и второосомничени во поднесената кривична пријава ?
Од кога е вработен во Општината третоосомничениот А.М. и кој му дал овластување за контрола на прием на нафта за греење во училиштата?
Градоначалниче Јорданов,
Поминаа две ипол години од вашиот мандат, а единствено по што сте препознатлив се сомнителни јавни набавки како и кадровски промени со партиска позадина.
Наместо огромен градски парк со езерца и содржини за спортување кај Мирјанина црква – Директорка на детска градинка која злоупотребила службена должност и го оштетила буџетот.
Наместо изградба на достоинствено место за престој на улични животни -Дозвола за изградба на дивоградба во објект чии сопственик е сопругот на Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова Ангелова.
Наместо поставување на подземни контејнери – Покачување на локалните давачки кон граѓаните.
Наместо реконструкција на Бања Кежовица – Кривична пријава за шоферот на градоначалникот, за вмешаност во скандалот со нафта.
Наместо подобрување на хигиената во градот – Промена на директорските позиции во јавните претпријатија со цел задоволување на партиските апетити.
Градоначалниче Јорданов, Границата помеѓу неажурноста и неспособноста е тенка колку и асфалтот со којшто ги шминкате штипските улици.