СЕРИОЗНО Е: По Скопје и Куманово прогласи епидемија на пертусис

369

Центарот за јавно здравје Куманово прогласи епидемија на пертусис на ниво на Куманово, соопштија денеска надлежните од јавната здравствена установа. Епидемиологот доктор Едита Размизи кажа дека од 26 пријавени на ниво на Центарот, 23 заболени се во Куманово.

На 8 февруари годинава во Скопје беше прогласена епидемија на пертусис од страна на Центарот за јавно здавје Скопје.

Земајќи го предвид зголемениот број на заболени од „голема кашлица“ епидемиолошка поврзаност сметаме дека треба да се пријави епидемија на пертусис за територија на град Куманово со вкупно 23 заболени од кои пет се регистрирани, хоспитализирани лица. Возраста на заболените се движи од 4 месеци до 60 години. Најголем број се од 1 до 4 годишна возраст, потоа е под една година, таа од пет до 9 години, останатите се застапени по еден случај. Секако дека останува препораката и апелот да се вакцинираат децата за да се заштитат од оваа болест. Сите случаи се лабораториски потврдени од кои најголем број се потврдени во микробиолошка лабораторија во центар за јавно здравје Куманово. Во однос на вакциналниот статус на заболените од Куманово осум лица се целосно вакцинирани, три се вакцинирани согласно возраста, пет лица се нецелосно вакцинирани, шест се невакцинирани, за лицето од 60 години вакциналниот статус е непознат, изјави д-р Рамизи.

Од Центарот за јавно здравје велат дека се преземени мерки согласно укажувањата на комисија за заразни болести и институтот за јавно здравје засилени епидемиолошки истражувања, откривање сомнителни случаи, проверки на вакцинални статуси, изолации на заболени и препораки за привремено исклучување од установи, школи, градинки, едукативни центри, редовно и навремено пријавување на заболувања од матични лекари, епидемиолошки увиди кај вакцинанлни пунктови, препораки за вакцинирање на сите невакцинирани, непотполно вакцинирани, повикување за вакцинација, комункации со надлежни установи да не се примаат на настава деца со сомнителна кашлица и температура, мерки за хигиена, забрани за посета во болницата на хоспитализираните…

По едно заболено лице има во Крива Паланка, Липково и Кратово.

Претходна вестТаткото на момчето убиец од Белград шокираше на судењето: Не сум виновен, јас не го направив тоа
Следна вестКривична одговорност и грнаицата на Романија и србија – ова го пребарувала мајката на Данка неколку денови пред исчезнувањето