Се поголема паника и страв меѓу населението: Силен земјотрес од 4,8 степени според Рихтер ова утро ги вознемири сите во соседна Грција

302

Страв и паника кај населението, откако силен земјотрес ги вознемирил и оставил без сон.

Како што јавуваат медиумите во Грција, земјотрес со јачина од 4,8 степени, ова утро беше регистриран во источниот дел на грчкиот полуостров Пелопонез, според официјалните податоци од Геодинамичкиот институт.

Епицентарот бил точно во морскиот дел североисточно од градот Леонидио, додека пак земјотресот е почувствуван дури и во Атина. До овој момент, нема информации за повредени или можна предизвикана материјална штета.

Ефтимиос Лекас , професор и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси, за медиумите во Грција рече дека е сè уште рано да се каже дали е главниот земјотрес.

Претходна вестСакавте снег: Во овој ДЕЛ од државата има снег на сите страни – дали има и кај вас?
Следна вестЧудата на доктор Сашко Николов: Неговиот последен зафат ги воодушеви сите (ФОТО)