Скопската полиција извести дека денеска Гоце Трајковски, сведок од случајот Вања сам и се предал на полицијата.
Трајковски беше еден од првите кои се вклучија во потрагата по Вања.
Тој му помагал на нејзиниот татко Александар Ѓорчевски во обидите да ја пронајдат Вања.
Трајковски требаше да сведочи на судењето за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, но беше недостапен за органите на прогон.
За грабнувањата и убиствата на Вања и Панче се обвинети четворица извршители – Љупчо Палевски Палчо како првообвинет, и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.