Тепачка меѓу две групи од Штип и од Кочани се случила утроо околу три часот после полноќ во близина на ноќен клуб во Штип. Осумтемина кои учествувале во тепачката побарале здравствена помош во штипската болница. Од штипската полиција потврдија дека работат на расчистување на случајот, но нема информација дали има приведени по тепачката.
Тепачите силите си ги пресметале со употреба на тврди предмети и ладно оружје.
Од штипската болницата информираа дека повредените се прегледани на одделенијата за ортопедија и хирургија, констатирани се полесни повреди и се пуштени на домашно лекување.
Од штипската полиција потврдија дека работат на расчистување на случајот иако тепачката ја нема во билтенот што МВР редовно го објавува во текот на едно деноноќие. Оттаму нема ниту информација дали има приведени по тепачката.
Информиран е и јавен обвинител, а на распит се повикани неколку лица.