Откако на Конгрес во неделата беше составен новиот Централен одбор, СДСМ денес избира членови на Извршен одбор, генерален секретар и потпретседатели.
Новоизбраниот Централен одбор на СДСМ денес треба да ги избере членовите на Извршниот одбор, потпретседателите на партијата, генерален секретар, двајца организациони секретари и меѓународен секретар.
Во јавноста се појавија повеќе шпекулации, но од високи извори од партијата, поголемиот дел од нив беа демантирани.
На 24-ти ноември на Конгрес на партијата, за заменик-претседателка беше избрана Фани Каранфилова Пановска.