Сакавте снег: Во овој ДЕЛ од државата има снег на сите страни – дали има и кај вас?

347

Многумина на социјалните мрежи се „пожалија“ што се уште нема многу снег во Македонија. Конечно, за нивна среќа започна да паѓа снег во еден дел од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози.

Врнежи од слаб дожд во југозападниот дел од земјата, додека на повисоките места има и снег.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВРЕМЕН ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, на ден 15.01.2024 год. ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот, додека од 16.01.2024 до 18.01.2024 год. затворено за сообраќај ќе биде во периодот од 08:00 до 16:00 часот.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестМа каков Роналдо, Мбапе или Халанд: Меси е прогласен за најдобар играч за – 2023 година
Следна вестСе поголема паника и страв меѓу населението: Силен земјотрес од 4,8 степени според Рихтер ова утро ги вознемири сите во соседна Грција