Русија ги држи картите во преговорите зашто има освоено многу територија, кажа Трамп

50

Доналд Трамп кажа дека Русија ги држи картите во какви било преговори за крај на војната во Украина затоа што има освоено многу територија. Тој изјави за Би-Би-Си дека верува дека Русија сака да ја заврши војната, што ја почна пред речиси три години.

„Мислам дека Русите сакаат крај на војната, навистина го мислам тоа. Мислам дека тие ги држат картите зашто имаат освоено многу територија. Навистина верувам дека Русија сака мир“, кажа Трамп.

Тој се враќаше во Вашингтон од Флорида, каде што на средба со инвеститори вторпат во еден ден го нарече Володимир Зеленски диктатор. Зеленски беше жестоко нападнат откако кажа дека Трамп живее во меур од руски дезинформации. Белата куќа појасни дека реакцијата на Трамп се однесувала на коментарите на Зеленски за дезинформации.

„Тој одбива да одржи избори. Ниско котира во вистинските анкети во Украина. Колку високо можеш да котираш кога сите градови ти се уништени?“, кажа Трамп во Флорида.

Петгодишниот мандат на Зеленски истече во мај 2024, но поради руската агресија, во Украина е на сила воена состојба, па изборите се суспендирани според закон усвоен во 2015.

Трамп се обиде да ја оспори популарноста на Зеленски кога кажа дека го поддржуваат само 4% Украинци, но анкета спроведена минатиот месец покажа дека 57% Украинци му веруваат на својот претседател. Трамп исто така претходно ја обвини Украина за почеток на војната и кажа дека имала неколку години да склучи договор.

Симнете ја моб

Претходна вестДимитријевиќ од Подгорица: Социјалдемократијата е силна кога делуваме заеднички
Следна вест(ФОТО) Голем пожар во зграда во Кисела Вода: Четири лица се повредени