Долгогодишен член на СДСМ, кој во минатото беше и претседател на СДММ во Радовиш, познатиот градски лик, Ристо Спасов или познат како Клинсман е нов претседател на ОО СДСМ Радовиш.
Одлуката ја донел претседателот на СДСМ, Венко Филипче и Извршниот одбор на партијата, за што соопшти и самиот Спасов:
-Ристо Спасов Клинсман – Претседател на О.О СДСМ РАДОВИШ/
Почитувани членови, симпатизери, другари со одлука на Претседателот Венко Филипче сум избран за Претседател на нашата О.О.
Претседателот е Доктор ХИРУРГ па хируршки прецизно избра кој треба да го води СДСМ Радовиш.
Ми претставува голема чест, но и уште поголема одговорност да бидам ваш Претседател.
Пред мене и пред сите нас е голем предизвик од кои сплотени сите заедно ќе излеземе како победници, напиша Спасов.