Промоција на нова електронска услуга наменета за студенти

112

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски заедно со директорот на Државниот завод за статистика Дејан Станков денеска ќе ја промовираат новата електронска услуга на ДЗС наменета за студенти која е достапна на националниот портал за услуги – uslugi.gov.mk.

Како што информираат од Министерството за дигитална трансформација, се работи за услугата „Образец за запишани студенти на додипломски студии (прв циклус) на факултетите и високите стручни школи (ВОИ20)“.

Претходна вестДенес следува доделување на државната награда „8 Септември“ за 2025 година
Следна вестДенес седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР – во врска со сомнежите за незаконско прислушување од АНБ