Македонскиот ракометен прволигаш Тинекс Пролет обезбеди две засилувања за вториот дел од тековниов шампионат.
Пролет кој од пред некое време доби и нов стратег во Никола Матлиевски ги договори Никола Стоилевски и Стефан Атанасовски.
Стоилевски е десно крило кое последниот ангажман го имаше во редовите на ГРК Охрид.
Кружниот напаѓач Атанасовски е дете на Вардар, играч кој освен за „црвено-црните“ има настапувано во шампионатите на Катар и на Саудиска Арабија, додека изминатиов период беше дел од Раховеци од Косово.