ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Понеделник, 9-ти декември е неработен за сите граѓани

88

Нов продолжен викенд за граѓаните на Македонија.

Од Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Македонија информираат дека, согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), недела, 8-ми декември 2024 година, „Св. Климент Охридски“, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

– Со оглед дека годинава датумот на празникот се паѓа во недела, неработен ден е понеделник (9-ти декември). Тоа значи дека викендов што е пред нас е продолжен и ќе трае три дена, информираат од министерството.

Претходна вестОбезбедувањето на Гаши во тешка сообраќајна несреќа утринава – има неколку повредени, дознава 24инфо
Следна вестПотврдена пресудата за Предраг поради убиството на Стефан – ова е казната