Познато целото име и презиме на убиената жена во злочинот кој ја потресе Македонија

4793

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица осомничени дека извршиле убиство.

Осомничениот и осомничената, како соизвршители, во гостиварско Неготино, на свиреп начин ја лишиле од живот Хавва Азизи од селото Здуње. Жртвата ја зеле од пред нејзиниот дом на 7 декември, ја однеле во својата куќа, каде започнале расправија за одредени недоразбирања.

Потоа ја затвориле во помошна просторија во сопственост на лице кое престојува во странство. Осомничената донела пиштол, а осомничениот го извршил убиството со еден истрел од огненото оружје.

Заедно со количка го внеле телото на жртвата во автомобилот, го однеле во атарот на селото Неготино, каде го спуштиле во ископана дупка, го запалиле и го покриле со земја, гранки и различни предмети.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Претходна вестСтраотна несреќа: Се судрија трактор и автомобил – има повредени
Следна вестИзбегнувајте да го носите ова како подарок за св. Никола: Луѓето веруваат дека вака покажувате непочитување кон домаќинот