Повеќемина повредени во тешка несреќа на патот Мавровска крстосница – Гостивар, сообраќајот пренасочен

37

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат од Мавровска крстосница кон Гостивар, во која учествувале четири мотоцикли и четири патнички возила.

Како што соопшти МВР, сообраќајката како и бројот на повредени биле пријавени во ОВР Гостивар попладнево во 15:56 часот.

-Сообраќајот на овој магистрален пат е во прекин, а од страна на полициски службеници од ОВР Гостивар сообраќајот се пренасочува по споредни локални патишта (Прогрес каменолом и Панорама кај Вруток), соопшти Министерството за внатрешни работи.

Претходна вестНа 34 години независност државата се уште меѓу младоста и зрелоста – знаеме што не сакаме, но треба да решиме што сакаме…порача проф. Треновски
Следна вестПожар кај Раштак и Страчинци, изгореа помошни простории од викенд куќа