Полицијата уапси жена во Неготино – иако нејзината куќа изгорела

2855

Пензионерка од Неготино е задржана во полициската станица во градот, поради сомнение дека намерно предизвикала пожар во семејниот дом, информира Секторот за внатрешни работи Велес.

Настанот се случил вчера, а по документирање на истиот, против жената ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 04.11.2025 во 18:40 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода В.А.(73) од Неготино. Таа се сомничи дека во сопствената куќа во Неготино, предизвикала пожар.

Пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема.

В.А била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител, увид извршила увидна екипа од ОВР Неготино и по документирање на настанот против В.А. ќе биде поднесена соодветна пријава, истакнаа од полицијата.

Претходна вестМногу пари и среќа во 2026 година за овие луѓе – еве што предвиде Баба Ванѓа
Следна вестСледува уште едно зголемување на пензиите за пензионерите