Победа на Вардар за прво место на табелата

19

Фудбалерите на Вардар постигнаа нова победа откако вечерва во рамки на 5.коло ја совладаа Македонија ЃП со 1:0. Стрелец на единствениот гол по грешка на гостинската одбрана беше Азер Омерагиќ на почетокот на вториот дел во 52.минута.

Со новата победа „црвено-црните“ се пробија на првото место на табелата со 13 бодови, пред Силекс и Струга ТЛ со по 12.

На првиот дуел од денешната програма Шкендија го совлада Башкими со 2:1.

Претходна вестПриведени две лица од Дебар поради предизвикување пожар
Следна вестТри лица се повредени во сообраќајка меѓу камион и работна машина за сечење огревно дрво во струмичко