По поразот од Данска, не е добра хемијата во репрезентацијата на Македонија

924

Лошо започна мандатот на Гоце Седлоски како селектор на Фудбалска репрезентација на Македонија. По убедливиот пораз во Копенхаген (4:0) и елиминацијата во баражот за пласман на Светското првенство, селекторот се соочува и со незадоволство во репрезентативниот камп.

Александар Трајковски и Бојан Миовски го напуштија кампот пред натпреварот против Фудбалска репрезентација на Република Ирска, кој треба да се одигра на 31 март. Трајковски не настапи на дуелот против Фудбалска репрезентација на Данска, додека Миовски доби шанса во второто полувреме, кога исходот веќе беше решен. Официјално, Миовски бил ослободен по барање на неговиот клуб Глазгов Ренџерс.

„Александар Трајковски не беше задоволен што не започна во првиот состав, но во овој момент сметам дека физички не е на нивото потребно за ваков натпревар. Нашиот план беше да добие шанса во завршницата, доколку има потреба, но текот на натпреварот не го наложи тоа. Нема причина некој да се чувствува навреден.

Слична беше ситуацијата и со Бојан Миовски, кој исто така не беше задоволен што не започна, но мора да се прифати дека во репрезентацијата има 23 фудбалери и никој нема загарантирано место во почетниот состав“, изјави Седлоски.

Од друга страна, Енис Барди и Исник Алими ќе останат со репрезентацијата, и покрај тоа што нивните клубови Коњаспор и Далиан побарале тие да бидат ослободени од обврските.

Претходна вестГрозоморни детали за убиството во Охрид: Познато е како Жарко го ликвидирал својот пријател Климе
Следна вестНема да верувате: Познато како полицијата утврди дека Жарко го убил Климе