Ден откако семејството ја погреба 12-годишната Сијана, во Бугарија се најавуваат големи протести.
Причината е патиштата, кои се како смртно бојно поле, велат револтираните граѓани.
Малата Сијана го загуби животот пред 5 дена, откако автомобилот во кој патувала со своите баба и дедо, бил разнесен од друг автомобил.
Додека доаѓала Брза помош, Сијана била во прегратките на нејзината баба, каде и починала. Дедото на Сијана е во кома со тешки повреди.
Возачот првично бил пуштен да се брани од слобода, но по големиот притисок од јавноста, е задржан во притвор. Но, делото за кое се гони може да му донесе ослободителна пресуда.
Таткото на Сијана, преку социјалните мрежи порача дека веќе нема што да загуби и максимално ќе се бори за правда.