По нападот на новинарот Фуркан, извршителката удрила и полицаец – Јакимовска заврши во притвор, била агресивна за време на распитот

250

Полицијата вчера ја приведе извршителката Весна Јакимовска откако нападнала полициски службедник додека била на распит во полициската станица во Кичево за напад врз новинарот Фуркан Салиу и екипата на ПорталиХ.

Од МВР информираат дека Јакимовска го нападнала полицаецот и го уништила службениот материјал, откако синоќа пред полноќ била приведена од полицијата.

„На 21.03.2024 во 23.20 часот, полициски службеници од ОВР Кичево ја лишиле од слобода В.Ј.(60) од Скопје. Таа, претходно, на улицата „Трајче Стрезоски“ во Кичево физички го нападнала Ф.С.(33) од Скопје и ја оштетила неговата службена опрема, а потоа во службените простории на ОВР Кичево, каде била повикана на разговор, физички го нападнала полицискиот службеник и го уништила изготвениот службен материјал. По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава“, се наведува во полициското соопштение.

Јакимовска претходно во текот на денот физички го нападна новинарот Фуркан Салиу, нанесувајќи му видливи повреди, притоа уништувајќи и дел од опремата на ПорталиХ.

Погледнете го видеото од овој инцидент:

Претходна вестМаксим даде „зелено светло“: Ова се носителите ЗНАМ – меѓу нив професор, генерал, поранешни високи функционери
Следна вестТешка сообраќајна несреќа во Виница – сериозно повреден е малолетник