Перински сака да биде градоначалник на Скопје, а вели: Не постои човек на светот – што ќе го пресмета долгот на ЈСП

333

Скопје е град на солидарноста, но навистина е мизерно една метропола да се доведе во ситуација да пука по сите шевови, а токму градскиот превоз е еден од нив. Ова денеска го рече министерот за локална самоуправа Златко Перински на денешната „Платформа: 100 % посветени за тебе – Мерки и политики за земјоделството, животната средина и локалната самоуправа“, која се одржа во Владата, а одговарајќи на новинарско прашање за најавената донација од 100 користени автобуси од Градот Белград за Градот Скопје, посочувајќи дека долговите во главниот град се толку големи што во некои јавни претпријатија не можат ниту да се пресметаат.

„Загрижен сум што во моментов обврските на Градот Скопје кон добавувачите се околу осум милиони евра, а неофицијални информации ми потврдуваат дека јавното претпријатие ‘Водовод и канализација’ должи околу 15 милиони евра, ‘Комунална хигиена’ околу шест милиони евра, ‘Улици и патишта’ од три и пол до четири милиони евра, а нема жив човек на светот што може да го пресмета долгот на Јавното сообраќајно претпријатие ‘Скопје’ (ЈСП)“, рече тој.

Посочи дека Градот Скопје да не може сам да си ги сервисира обврските, освен што има проблем со јавниот превоз, има и со отпадот и со зеленилото, а има проблеми и во депонијата „Дрилсла“.

„Ова не е проблем што е настанат од вчера и не е настанат откако Владата стапи на функција, туку е проблем за кој говоревме многу подолго време во јавноста дека се случува“, вели Перински.

Министерот смета дека следната година ќе мора да се работи на системско функционирање на Градот Скопје.

„Треба да се почне од нула, а потоа да почнеме да го градиме“, рече министерот.

Коментирајќи ја најавената донација од Градот Белград, рече дека тоа е неофицијална изјава, за што треба да се почека, па потоа да заземат конкретен став.

Дел од српските медиуми пред неколку дена објавија дека Градот Белград планира на Скопје да му донира одреден број на користени автобуси од марката „соларис“. Се очекува, како што пренесоа тамошните медиуми, овие автобуси да пристигнат во главниот град за неколку месеци.

претходниот член,Нови детали за фамилијата на Коста ја згрози јавноста – детето убиец кој убиваше свои соученици
Следната статијаНовитет во Владата на Македонија: Муртезани ќе им дели црвени, жолти и зелени картони на министрите за спроведените реформи