Mакедонскиот првак Еурофарм Пелистер го претрпе вториот пораз во новата сезона на Лигата на шампионите. Вечерва во преполната сала „Боро Чурлевски“ ” во Битола пелистерци загубија од данскиот го ГОГ Гудме 28-31.
Само десетина добриот, одиграни минути во првото полувреме, и пет гола предност не е беа доволни пелистерци и „Чкембари“ да се радуваат на победа. По нерешените 3-3 Еурофарм Пелистер направи серија од 6-1 и за првпат поведе со пет голови разлика. Но данскиот тим покажа карактер не се предаде туку напротив успеа да ја анулира негативата. На полувреме се замина со израмнети 14-14. Продолжи составот на ГОГ во истил и во второто полувреме во која имаше и највисоки четири гола разлика во неколку наврати. Иако зелено-белите успеаја да намалат негативата на -1 сепак до крајот не успеа да направат комплетен пресврт.
Бадијала останаа 9 голови на Дејан Манасков и 8 на Филип Кузмановски. Едноставно пелистерци, нема решение за Фредерик Бјерне кој натпреварот го заврши со 13 голови без промашување.
Во следното коло, Еурофарм Пелистер ќе и гостува на Висла Плок на 8 октомври. Претходно македонскиот првак ќе треба да ги одигра натпреварите против Струга, дербито со Вардар, а потоа и Охрид во домашното првенство.
