Шилегов „извиси“ од функција во СДСМ – па удри по Заев и Зечевиќ, вели дека СДСМ е заробена партија

457

После долго време се огласи поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов. Тој ги коментираше случувањата во СДСМ, и кажа дека од 2019 година е заробена партија.

„Ај да не се лажеме !!! СДСМ е заробена партија. Уште од 2019 година. Со двајца октроирани “лидери” од јужните краишта. Тоа не е СДСМ. Тоа се тезгароши. Од Милановац. Горњи или Долеи. Март е пролет !!! Пролет е СДСМ !!!“, стои во објавата на Петре Шилегов на Фејсбук.

Она што е интересно, е што во 2021 година, Шилегов се кандидитраше за втор мандат за градоначалник на Град Скопје од редовите на СДСМ, која според неговите зборови од статусот, тогаш веќе била заробена партија, па се поставува прашањето – зошто прифатил да кандидатура од таква партија?!

Познавачите на овие случувања блиски до СДСМ, пак говорат дека овој став на Шилегов е поради фактот што дознал дека не е во плановите на новиот претседател Венко Филипче да биде поставен на некоја висока позиција, поради што, свесен дека неговата политичка кариера е при крај, решил да додаде дополнителен гнев кај сопартијците.

Еден час порано, го напиша и следниот статус:

„Есен е тешко време. Се скратува денот. Краток е. Во темница ништо не е видливо ! На проелет, во март, ќе расцветаат цветови. Јагленот нит е за за зајци, нит е за зечеви … Кај се најдовте, кај не запустивте ….

претходниот член,Банди шетаат низ Центар и напаѓаат луѓе, во период од 20 минути нападнати 3 лица од страна на поголема група
Следната статијаСтрашната вест брзо се прошири: Балканот во целосен шок – мистериозна смрт на четири бебиња во Грција