Ова е само почеток: Ќе има уште помасовни протести низ целата држава, вели таткото на Фросина

159

На прашањето дали родителите на Васил им изразиле сочувство и дали стапиле во контакт со нив, рече дека затоа бараат правда и одговорност и од нив.

„Тука се гледа дека нема покајание и нема човечност. Се гледа реално со што ние како општество секојдневно се соочуваме. Вакви луѓе наместо да се соочат со криминал, тие одат понатаму и плаќаат за теелефон во притвор на нивниот син“, вели тој.

Посочи дека неговите родители треба да одговараат како јасни соучесници, во ова, како што рече, убиство што го прикриваат.

На прашањето каков епилог очекува од оваа судска постапка, како минимална утеха на семејството, рече дека за нив нема утеха, но дека ќе бараат максимална казна, казна доживотен затвор.

„Не е само тоа дело. Кога ќе се земе кумулативно, и преку 40 години казна доаѓаат. Доживотен затвор, такво нешто заслужува некој што немал право да го вози автомобилот без возачка дозвола, преминувал на црвено, возел под дејство на алкохол, со трипати поголема брзина од дозволената. Ние ги живееме последиците од тоа. Ниту тој, ниту родителите немаат зрно каење, туку само гледаат како и овој пат да се заврши работата“, рече таткото на Фросина.

Најави дека ќе побара експертиза и од Машинскиот факултет и од други независни тела.

Според него, Васил Јованов возел со брзина од над 160 или 180 километри на час.

Говорејќи за сообраќајната несреќа со смртен исход во која загина 22-годишната Фросина Кулакова, шефот на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, Гаврил Бубевски, вечерва во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма рече дека постапката што се води против возачот Васил Јованов за ова кривично дело е проширена и со постапка за неговите родители.

Претходна вестБоки 13 одново хоспитализиран – има лоши вести: Мојот организам лошо ја прифаќа терапијата