Османи ја покани Силјановска Давкова на ТВ дуел

227

Кандидатот за претседател од Европскиот фронт – Бујар Османи инсистира на медиумски „дуел“ со противкандидатот од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.

Од неговиот изборен штаб велат „со цел да ги презентираат нивните понуди и отворено да зборуваат пред граѓаните за тоа кој каква визија има за Северна Македонија, веќе вчера Османи упати две јавни покани до политичкиот опонент, од пладневната прес-конференција во Министерството за надворешни работи и од синоќешниот митинг во Црнилиште“.

„Затоа денеска ја поканив противкандидатката г-ѓа Гордана Силјановска, и пак ја поканувам, ајде да дебатираме! Бидејќи нашите две понуди се единствените алтернативи, ајде да влеземе во дебатата! Јас ќе зборувам за интеграција, вие ќе зборувате за изолација. Јас ќе зборувам за соживот на Европскиот фронт, вие ќе зборувате како ви требаат 61 пратеник за да ги исклучите Албанците, Турците и другите од одлучувањето. Ќе зборувам како секој од нас да има европски пасош во џебот, а таа нека зборува како ги тера луѓето и нашите граѓани да земат бугарски пасош за да избегаат во Европа. Ова се 2-те алтернативи кои ни се нудат“ – истакна Османи.

Засега, како што соопштуваат, ниту Силјановска Давкова, ниту штабот на ВМРО ДПМНЕ сѐ уште не одговориле на поканата за дебата.

Претходна вестНЕ Е ДОБРО: Се шири пожарот на Шара – потенцијална опасност и за селото Селце
Следна вестСе апси во Македонија – над 15 припадници на затворската полиција зад решетки