Октоберфест: Како да се препознае девојка достапна за додворување?

104

Октоберфест во Минхен, Германија – можеби најголемиот фестивал на пивото во светот, до 6 октомври се очекува да го посетат околу шест милиони луѓе.

Девојките на настанот обично се во традиционални баварски народни носии, но во малку пократка варијанта, заради поголемо внимание и на „Тикток“, меѓу другото.

И бидејќи женските носии привлекуваат внимание главно кај машкиот дел од посетителите, девојките најдоа и начин како да покажат дека немаат или имаат момче – со машничка на својот фустан.

Имено, ако девојката врзе машна на десната страна, тоа е знак дека е во брак или во врска. А, ако машната е на левата страна, тоа укажува дека е достапна за додворување.

Со оглед на тоа дека модерните врски се разновидни, има и други опции…

Ако машната е напред, тоа значи дека е таа во комплицирана врска. А пак, доколку машничката е на грбот – се работи за келнерка, вдовица или обична туристка.

претходниот член,Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на Октоберфест
Следната статијаБоцвана гневна на Германија поради ограничувањето на увозот, се заканува со отстрел на слоновите