Околу 51.000 лица не гласале на претседателските избори до 13 часот

2165

Како продолжува изборниот ден, така продолжува и трендот кај дел од гласачите да ги бојкотираат претседателските избори. Според резултатите за излезноста до 13 часот објавени на веб страницата на Државната изборна комисија, разликата изнесува 3 процентни поени поголем одзив на парламентарните од вториот круг на претседателските избори.

Тоа значи дека се зголемува бројот на избирачи кои одлучуваат да не го земат ливчето за избор на претседател.

Во апсолутни бројки, на парламентарните избори денеска, до 13 часот и на пребројани 97,81% од избирачите, гласале вкупно 457 562 лица. Во истиот временски период и на пребројани 98,4% од избирачите, на вториот круг од претседателските избори гласале 406 735 гласачи. Тоа значи дека околу 51 000 гласачи, до 13 часот, решиле да го бојкотираат вториот круг од претседателските избори.

Претходна вестВо општините со доминантно албанско население: Пониска излезеност на претседателските отколку на парламентарните избори
Следна вестСилјановска-Давкова: Нема да патувам во Брисел ниту во светот освен ако не ме викнат