Одлична вест: Бензините поевтинуваат за половина денар

277

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се намалуваат за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 76,50, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 78,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 68,50 денари за литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува и останува 69,50 ден/лит.

За 0,390 денари поевтинува цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 44,780 денари.

претходниот член,Убава вест: Еве кога ќе се исплати К-15 за вработените во државната администрација
Следната статијаБлумберг: Турција поднесе барање за членство во БРИКС