Нова акција на МВР во Арачиново – ова се деталите

50

Рано утрово полицијата во околината на скопско Арачиново пронашла оружје скриено во еден објект. Запленети се 11 парчиња автоматско оружје. Се проверува поврзаноста со криминалната група од Арачиново чии членови беа приведени неделава. Се проверуваат и траги од ДНК и отпечатоци.

Акцијата продолжува и денеска. Единици на МВР се со засилено присуство на повеќе локации во земјата.

Запленета е извршена во рамките на акцијата за сузбивање на насилни криминални групи на повеќе локации, којашто почна во неделата. Јавен обвинител пред два дена донесе наредба за спроведување истражна постапка против 18 лица членови на бандата Беланоца – Барон, за кои, како што информираа од ЈОРСМ, постои основано сомневање дека 14 лица како нарачатели, помагачи или директни извршители, сториле кривични дела убиство, од кои 12 лица се осомничени и за кривично дело злосторничко здружување, додека петмина и за кривично дело тешки дела против општата сигурност. Другите четири лица се товарат за кривично дело изнуда.

Претходна вестЧетири мали деца се бањаат во вангла, живеат без струја и имаат само една голема желба
Следна вестОпожарено е возилото на поранешниот началник на СВР Штип