Несреќа во рудник – најмалку едно лице загина, две се водат за исчезнати

380

Словенечките медиуми јавуваат дека по поплава од еден од тунелите во словенечкиот рудник за јаглен во Велење загина еден рудар, а двајца се водат за исчезнати. Несреќата се случила во понеделникот во 19 часот и 10 минути, а бидејќи тунелот бил затрупан под десетици метри кал, се очекува двајцата рудари да не преживеале, јавуваат словенечките медиуми.

Полициската управа Цеље соопшти дека телото на рударот кој беше пронајден мртов е извлечено од рудникот. Во моментот на несреќата на местото на ископот имало 14 лица, од кои повеќето успеале да побегнат, а тројца останале заробени.

Спасувачите се уште работат за да стигнат до затрупаните рудари и рачно откопуваат кал и друг материјал што влегол во ископот, јавува Н1 Словенија. Засега не е познато зошто дошло до несреќата.

Велење денеска ќе го посети и словенечкиот премиер Роберт Голоб, кој во понеделник на социјалната мрежа Х објави дека е длабоко потресен од веста за трагичната несреќа.

„Искрено сочувство до семејството и роднините. Моите мисли се со сите погодени од оваа трагедија. Искрено им благодарам на спасувачите за напорите и посветеноста да направат се што е во нивна моќ“, напиша словенечкиот премиер.

Претходна вестНапаѓачите на Капитол почнаа да излегуваат од затвор, Трамп ги стопираше новите судења
Следна вестТаравари се шета во Вашингтон – додека на Онкологија нема биолошка терапија