Неидентификувани дронови надлетувале над најголемата воена база во Данска

44

Неидентификувани беспилотни летала синоќа се регистрирани над најголемата воена база во Данска, соопшти данската полиција.

– Можам да потврдам дека во петокот околу 20 часот и 15 минути имавме мал инцидент што траеше неколку часа. Еден или два дрона се забележани пред и над воздухопловната база во Каруп. Не ги соборивме, изјави претставник на данската полиција.

Изминатите денови дронови надлетуваа над цивилни и воени објекти, поради што привремено беше затворен воздушниот простор на Данска.

Премиерката на Данска, Мете Фредериксен претходните инциденти со нарушувањето на воздушниот простор ги поврза со наводни руски активности со дронови низ Европа, но не понуди докази. Москва ги негираше обвинувањата.

Претходна вестСпие ли мирно Панче Тошковски? За случајот со Росица мора да има одговорност до највисоко ниво, порача Колева од СДСМ
Следна вестИгла нема каде да падне: Голема посета на промоцијата на кандидатот за градоначалник Ристо Спасов во Радовиш