МВР работи: Косовец се обидел да пренесе 48.000 пара чорапи преку Блаце

33

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против фирма од Косово со подружница во Скопје и нејзиниот управител за кривично дело – Криумчарење од член 278 од Кривичниот законик, соопштува ОЈО.

На 16 јануари, обвинетиот косовски државјанин се обидел да избегне царинска контрола, така што во камионот со косовски регистарски ознаки кој пренесувал стока за правното лице преку граничниот премин Блаце биле ставени вкупно 48.000 пара чорапи кои не биле наведени во фактурите и во царинската декларација. Царинските службеници при проверка ја пронашле и ја одзеле недекларираната стока во вкупна вредност од 365.280 денари, стои во соопштението.

Претходна вестСоседите тажно се збогуваат со загинатата полицајка Сузана – „Душата ме боли како да изгубив близок“
Следна вестНапаѓачите на Капитол почнаа да излегуваат од затвор, Трамп ги стопираше новите судења