Монструозен план: Младиот убиец Коста лесно може да излезе на слобода – еве што ќе направи

328

Четиринаесет годишниот Коста К., момче-убиец повеќе од осум месеци се наоѓа во психијатриска установа, односно Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади која е обезбедена од полицијата. Oна што ги остави изненадени сите вработени во оваа институција е неговата желба и причина што да сака да замине во странство.

– Не може да прифати да го помине животот во четири ѕида. Постојано се жали колку му е тешко и како не е во ред деновите да ги минува во една просторија, изолиран од сите случувања. Последно што побара е да замине во странство наведувајќи дека тамошните лекари сигурно ќе го пуштат дома – истакнува извор од Клиниката за српска Република.

Но и натаму сите се во шок, затоа што не покажал каење со ниту една своја постапка.

– Единствено што го загрижува е кога и дали ќе ја напушти институцијата во која е со месеци. Ништо друго не го интересира, дури ни како се неговите родители, семејствата на децата и чуварот кои ги убил, апсолутно ништо не му е важно освен самиот себе – дознава извор од истрагата.

Се уште се свежи сеќавањата од 3 мај, кога во 8 часот и 40 минути момчето убиец влезе во основното училиште „Владислав Рибникар“ во кое и самиот учеше и од врата пукаше во Драган Влаховиќ, училишниот чувар, кој почина како последица од неговите повреди.

Потоа убил уште три девојчиња, а крвавото дивеење го продолжил во кабинетот по историја каде неговиот клас имал час и убил шест ученици, а ја рани наставничката по историја и уште пет други деца.

претходниот член,Длабоко сме повредени од богохулноста и непристојното исмевање на Господ – Бигорскиот манастир бара извинување за маската со Исус и крст од гајби
Следната статијаПочина еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој бше осуден во аферата „Шпион“ – според осудените една од најголемите местенки во Македонија