Меѓу првите: Зоран Заев со сопругата Зорица и синот Душко гласаше во Струмица

212

Утрово во 07:00 часот сите избирачки места на територијата на општина Струмица беа навремено отворени. До 09:00 часот на гласање излегле 3,75% од вкупно запишаните 49.649 граѓани со право на глас во единствениот избирачки список.

Меѓу првите кои излегоа на гласање по отворањето на избирачкото место број 1730/1, во ООУ „Никола Вапцаров“ беше и поранешниот премиер на Владата, Зоран Заев со сопругата Зорица и синот Душко.

Во општина Струмица граѓаните своето гласачко право ќе можат да го остварат на 83 избирачки места, а имаат можност да избираат меѓу 7 кандидати.

Фото: Струмицанет.ком

претходниот член,Ковачевски: Нема застанување додека не ја направиме Македонија дел од Европа
Следната статијаНајголема излезеност во Демир Капија и Градско, најмала во Боговиње и Маврово Ростуша