Дмитриј Медведев, поранешен претседател и премиер на Русија, а сега заменик-претседател на Советот за безбедност, се огласи по повод убиството на познатиот десничарски активист Чарли Кирк.
„Политички убиства и атентати во последно време ги извршува разнородна левичарско-либерална багра која стои на страна на про-бандеровски Киев. Фицо, Кирк… Кој е следен? Можеби е време тимот на MAGA да сфати дека со поддршката на Украина, всушност поддржуваат убијци,“ напиша Медведев на платформата X.
Кирк, близок сојузник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, држеше говор пред публика на Универзитетот Јута во градот Орем (државата Јута), кога беше застрелан во вратот. Во тешка состојба беше пренесен на итна операција, но подоцна почина.
Словачкиот премиер Роберт Фицо минатата година во мај преживеа атентат. Тој беше неколкупати опериран поради сериозни прострелни рани. Напаѓачот беше идентификуван како 71-годишниот Јурај Цинтула, кој изјави дека не се согласува со политиката на актуелната влада.