„МЕ БОЛАТ СИТЕ ШЕПКУЛАЦИИ“ – Проговори мајката на Данка

322

Потрагата по двегодишното девојче Данкa Илиќ, кое исчезна пред точно седум дена во Бањско поле во Бор, се уште трае. Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, за прв пат по исчезнувањето на Данка открива дали го гледала видеото од Виена на кое наводно се гледа Данка, но и колку е повредена од медиумските шпекулации дека таа стои зад се.
Ивана наведува дека таа и нејзиниот сопруг се заедно, дека секојдневно се борат нивното дете што побрзо да се врати дома, но и дека со денови се шират бројни гласини за неа.

„Се држиме колку што можеме, само за што побрзо да се најде Данка, чекаме сето ова да заврши, се надеваме на најдобро, а потоа јас и мојот сопруг ќе се огласиме јавно, и ќе одговориме на сите навреди, прозивки, небулози. Затоа не се огласуваме. Ме болат сите овие шпекулации, обвинувајќи ме мене и мојот сопруг“, рече Ивана.

На прашањето дали се вистинити информациите дека таа ги пребарувала граничните премини со Романија, но и до кој степен може кривично да одговара.

„Телефонот беше на вештачење, само тоа ќе кажам. Да беше така, немаше да бидам мајка која си го бара детето, мојот статус ќе беше друг. Само Данка да се врати жива и здрава, а потоа ќе разговараме за се“, вели Ивана за Нова.рс.

На прашањето дали го гледала видеото од Виена на кое наводно се гледа нејзиното дете, Ивана вели дека го гледала.

„Го гледав видеото, но поради текот на истрагата не смеам да коментирам. Секоја чест за полицијата, луѓето не спијат, бараат деноноќно. Се надевам дека ќе го гушнеме детето што поскоро“, вели мајката на исчезнатата Данка.

Голем број полицајци утрово се во Бањско поле, каде одат од врата до врата и земаат изјави од мештаните во истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ (2), која се води како исчезната од пред точно седум дена.

Претходна вестКрвави мекици во Јосифово: Србин дивеел на бензинска – па прободел лице кое славело раѓање на бебе
Следна вестТаткото на момчето убиец од Белград шокираше на судењето: Не сум виновен, јас не го направив тоа