Македонија веќе е опасно место за живеење, тврди Венко Филипче

22

Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија, Венко Филипче, попладнево на Фејсбук напиша дека состојбата апсолутно излегува од контрола споделувајќи фотографии од пожарот во скопско Трубарево.

Тој напиша дека за неколку дена изгореле две фабрики и обвини дека две недели власта не може да ги изгасне пожарите во депониите „Дрисла“ и „Вардариште“.

„Скопјани се трујат во канцерогени материи. Сега гори и складиште за отпадни материјали и суровини во Трубарево. Државата наместо горда, стана држава во хаос. Наместо твоја, Македонија изгоре. Мора да се стави крај на оваа неодговорност, башибозук и некадарност. Македонија веќе е опасно место за живеење“, напиша Филипче.

Инаку, денеска околу 13:30 часот избувна пожар во скопско Трубарево на територија на Општина Гази Баба. Како што информираа надлежните, пожарот избувнал во „Ф-Групација“ која се занимава со елекетронски отпад.

Големиот облак од црн чад е видлив од повеќе делови на Скопје што предвизвика вознемиреност кај граѓаните. Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) соопшти дека во гасењето на пожарот, покрај противпожарните екипи, вклучени се и специјализирани летала.

Претходна вест(ВИДЕО) Крвта да ви заледи: Страотен пожар во Скопје
Следна вестСкопјани се трујат, постои опасност од опаки болести, надлежните велат – следиме, па ќе видиме што ќе направиме