Македонија ќе КОЛАБИРА во понеделник: Почнува штрајкот во ФЗОМ – што значи тоа?

280

Вработените во фондот за здравствено осигурување од понеделник запираат со работа. Нема да има рецепти, уплати, исплати од страна на фондот за здравствено осигурување – синдикатот одлучи вработените стапуваат во генерален штрајк.

Во соооштието што го објавија стои дека ќе работи само по едно лице на шалтер и ќе се извршуваат само неопходните задачи, како пријава на малолетно лице како член на осигурување, регулирање на осигурување за хоспитализирани лица, лекување во странство за итни случаи.

Од синдикатот прес-конфренција со повеќе детали најавија за понеделник, но на протестите пред неколку дена беа децидни дека Фондот нема да функционира нормално.

„Нема никаква исплата за ништо, ниту за капитација за матични лекари, ниту за лекови за аптеки, ниту за плати во јавно здравство, ниту за лекови во јавно здравство… “-изјави Бранко Аџигогов – претседател на Синдикатот на Фондот (29.01.2024).

Од Фондот засега нема официјален став како најавниот штрајк ќе се одрази на функционриањето на системот и дали осигурениците и лекарите ќе можат да ги користат услугите…

Одлуката за штрајк на синдикатот доаѓа откако Управниот одбор на Фондот, по речиси 1 месец и натаму нема донесено одлука, дали платите на вработените ќе останат исти или ќе се намалат за 21 процент, како што побара Министерството за финансии за да се усогласат со донесениот Буџет за оваа година…

Фондот брои 831 вработено лице, според синдикатот доколку им се намалат платите, 25 проценти од вработените ќе земаат минимална, а 25 проценти ќе добиваат плата под минимумот. Синдикатот минатата година по повеќе месчни преговори со раководството и Управниот одбор на ФЗО, постигна договор за покачување на платите на вработените за 15 проценти во неколку фази, а првата исплата вработените ја добија во месец декември минатата година…

Погледнете го видеото за кое зборува цел Балкан:

Претходна вестКамерите снимиле хирург како 22 пати прима мито од пациенти – иако месечно заработува 4.000 евра
Следна вестСтраотни вести од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ – Деветнаесетгодишно момче почина – дошол во Македонија од друга држава