Македонија ќе добива 20.00 фунти од мигрант: Британските медиуми споделија детали – Милошоски демантираше

1491

Македонија ќе добива финансиска поддршка за секој мигрант кој ќе биде прифатен, а целта на овој план е да ги охрабри барателите на азил да се насочат кон земјата и да побараат работна виза или азил тука, пренесува британски „Експрес“.

Сепак, македонскиот пристап е претпазлив и внимателен, особено откако други балкански држави како Албанија и Босна и Херцеговина одбија веднаш да се вклучат, посочувајќи ги ограничените капацитети и националните интереси како пречки.

Владата наводно инсистира на обезбедување на безбедносни гаранции и инвестиции во замена за соработка, што ја нагласува дипломатската чувствителност и комплексност на целиот процес, пренесува британски „Експрес“.

Според договорот, Велика Британија ќе исплаќа до 20.000 фунти или 1.409.244 денари по секој депортиран мигрант во Македонија, во рамки на иницијативата за „повратни центри“. Целта е да се забрза процесот на враќање на лица кои немаат легално право да останат во Обединетото Кралство.

Овој договор е дел од стратегијата на британската Влада за партнерство со трети земји кои можат да ги прифатат мигрантите што не можат да бидат вратени во своите матични држави поради правни или практични пречки. Финансиската поддршка е замислена да ги покрие трошоците за престој на мигрантите и да ја мотивира Северна Македонија за соработка, барем во пробниот период на договорот.

Инсајдерски извори тврдат дека ова е прв ваков договор на Обединетото Кралство и дека претставува нов модел на управување со мигрантите надвор од британска територија, за разлика од претходно тестирани релокациски системи во други европски земји.

Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови

Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција…, кажа Антонио Милошоски.

Претходна вестКонечно е познато: Еве дали ќе ве казни „Сејф сити“ ако поминете на трепкаво жолто
Следна вестТрагичната вест брзо се прошири на социјалните мрежи: Почивај во мир Александар