Македонија го чекаше овој момент долго време: Денес ќе се знае се – клучниот сведок ќе проговори за убиствата на Вања и Панче

726

На денешното рочиште од судскиот процес за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, се очекува да сведочи Гоце Трајковски, кој минатата недела самиот се предаде во полициска станица.

Полицијата подолг период го бараше Трајковски за друго кривично дело, подметнување на пожар во кафуле во Кисела Вода.

Трајковски треба да сведочи и да каже како доаѓал до снимките од безбедносните камери во случајот со киднапирањето и убиството на девојчето и како грабнувањето го поврзал со исчезнувањето на Панче Жежовски кој беше ладнокрвно убиен неколку дена пред Вања.

На последното рочиште, обвинителката инсистираше и понатаму да се бара Трајковски и да биде донесен да сведочи, а не само да биде прочитан неговиот исказ даден во Обвинителството.

Претходна вестШокантни снимки од куќата во која влета автомобил – Жена си спиела, и влетал во спалната соба
Следна вестДарко ја замени Германија со друга земја во Европа и зема 13-та и 14-та плата: Тука сме сите сонародници, без разлика од каде сте