Грозоморната вест која ја потресе Македонија и Кичево, добива нов тек на настаните. Изјавата на мајката дополнително ги заплетка сметките, поради што истрагата продолжува.
Мајката исто така ќе биде предмет на истрага за смртта на двегодишното девојче од Кичево, кое почина во понеделник во болница по 22 дена борба за живот, откриваат полициски извори за порталот „Курир“.
Во среда, во 15.30 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево, од слобода го лишија 30-годишниот Ф.Д., татко на девојчето, кој
се сомничи дека на 18-ти декември ѝ нанел тешки телесни повреди пред да биде хоспирализирана.
Девојчето најпрво било примено во Општата болница во Кичево, а потоа поради сериозните повреди е пренесена во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ од каде nа 18 декември 2023 година во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај нив со повреди било донесено женско дете од Кичево.
Полициски службеници веднаш извршиле службен разговор со мајката на детето, која пак изјавила дека малото девојче се здобила со повредите при пад при детска игра.
Но, низ кичевската чаршија се зборува дека семејството било дисфункционално, а детето живеело во нездрава средина во која претходно се случувало семејно насилство. Сето тоа фрла голем сомнеж на самата изјава.
Осомничениот татко денеска треба да даде исказ и пред јавен обвинител. Од Обвинителството со повеќе информации ќе излезат во текот на денот.