Лошата вест брзо се прошири: ДВЕ нови лица во Македонија починаа – ја загубија битката со опасниот вирус

263

Неделната анализа на Институтот за јавно здравје која што се однесува за периодот од 19 до 25 февруари, пријавени 820 случаи на заболени од грип и двајца со коронавирусот. Тоа е за 40,8% помалку во споредба со претходната седмица. Загрижува само податокот што во текот на неделата што измина битката со сезонскиот вирус на грип ја изгубија два лица од Скопје и од Велес. Станува збор за лица на возраст од 49 и 65 години кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфекстивни болести во Скопје и ГОБ 8-ми Септември. Досега во Македонија регистрирани се 11 починати лица со грип. Пет од нив се од Скопје и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип. За разлика од грипот, кој стивнува, големата кашлица се разгорува

За разлика од големата кашлица која се разговрува, грипот како да стивнува. Во последната недела се намалува бројот на заразени со инфлуенца, но расте бројот на починати лица кои во болнички услови не се изборија со болеста. Неделната анализа на Институтот за јавно здравје го потврдува тоа со новата статистика за периодот од 19 до 25 февруари, кога се пријавени 820 случаи на заболени од грип и двајца со коронавирусот. Тоа е за 40,8% помалку во споредба со претходната седмица. Загрижува само податокот што во текот на неделата што измина битката со сезонскиот вирус на грип ја изгубија два лица од Скопје и од Велес. Станува збор за лица на возраст од 49 и 65 години кои биле хоспитализирани во Клиниката за инфекстивни болести во Скопје и ГОБ 8-ми Септември.

-Кај едно од починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети и тоа бубрежни, кардиолошки, дијабет. Двете лица не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип.Кај починатите лица, лабораториски е потврдена инфлуенца од типот А(H1)и А – несубтипизиран- велат од Иститутот за јавно здравје и потсетуваат дека во оваа сезоната вкупниот број на случаи на грип изнесува 12.741 лица .

Досега во Македонија регистрирани се 11 починати лица со грип. Пет од нив се од Скопје и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип.

-Од починатите шест се до 64 годишна возраст,а пет над 65 години. Сите починати лица биле хоспитализирани, со коморбидитети и сите невакцинирани против сезонски грип-информираат од Институтот.

Што се однесува за тоа каде во земјава има најмногу болни со грип, останува и понатаму Кавадарци каде за една недела се пријавени 180 болни,а по него следува Струмица со 134 болни. Во останатите градови бројот на пријавени е помал од 100.

-Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 8-ма недела од минатата сезона е намален за 6,0%, а во споредба со бројот за 8-ма недела од типичната епидемиска крива, е помал за 67,4%- информираше вчера Институтот за јавно здравје од каде појаснуваат дека во однос на возрасната дистрибуција, 496 лица од грипосаните се на возраст од 15-64 години, 178 се деца од 5-14 години, а 74 се над 65 години и 72 се деца на возраст четири години.

Неделната анализа на ИЈЗ покажува дека во истиот период минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 55,5%, а во однос на моделот од последните 13 сезони има намалување од 19,1%.

-Во текот на 8-ма извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 43 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и ковид-19. Детектирани се 8 позитивни случаи на грип од типот А и два пациенти со ковид-19- информираат од Институтот.

Во Македонија досега се вакцинирани вкупно 61.719 лица со бесплатна и комерцијална вакцина.

претходниот член,(ФОТО) Се огласија и од МВР – страотна сообраќајна несреќа на патиштата во државата, ова се деталите
Следната статија(ВИДЕО) Жив велешанец по грешка прогласен за мртов – НЕ МОЖЕ ДА ДОКАЖЕ ДЕКА Е ЖИВ: Еве што му одговориле