Лоша вест, за оние кои често патуваат: „Визер“ уктина дури 3 ЛЕТОВИ – до Германија, Шведска и Данска

5615

Со стапување во сила на зимскиот распоред на унгарската нискобуџетна авио-компанија „Визер“ се укинаа три авиолинии од Скопскиот аеродром – Келн, Копенхаген и Стокхолм.

На сајтот на авиокомпанијата повеќе ги нема овие дестинации и не можат да се купат карти, а нема информации дали повторно овие линии ќе бидат пуштени на пролет со летниот ред на летање.

„Визер“ се повлекува од Келн поради високите цени за услуги и давачки што ги воведе аеродромот Келн-Бон. За да се надомести интересот за тој дел од Германија, компанијата ќе ги зголеми фреквенциите од Скопје за Дортмунд, па така во ноември и декември ќе има летови по шест пати неделно, а во шпицот околу Нова година и Божиќ ќе лета секој ден до овој град во Северна Рајна Вестфалија.

На патниците што летаа за Копенхаген во Данска, сега им останува можноста да летаат до соседниот аеродром Малме во Шведска, но засега „Визер“ не го има зголемено бројот на летови. Стокхолм останува непокриен за патниците што досега летаа до главниот град на Шведска.

претходниот член,Почина Дарио: Неговата бремена сопруга и трите мали деца сега имаат потреба од помош
Следната статијаДРАМА во Скопје: Полицијата му побарала лична карта – тој скокнал во Вардар