Ковачевски: Нема застанување додека не ја направиме Македонија дел од Европа

213

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг на СДСМ и Коалицијата во скопската населба Сопиште уште еднаш ги повика жителите утре да излезат на изборите и да донесат правилна одлука.

„Време е за конечната одлука за нашата иднина! Или ќе одиме во ЕУ и ќе нè биде како сите цивилизирани демократски држави. Или ќе ставиме печат на нашата иднина и ќе ги заробиме или уште полошо ќе ги иселиме нашите деца во истата таа ЕУ во која треба да седнеме на 28-то столче во Брисел.“, им се обрати Ковачевски на присутните граѓани.

Ковачевски пред граѓаните се обврза тој и неговите соработници да работат ден и ноќ за да се изгради држава со која сите граѓани ќе се гордеат, во која ќе се почитуваат сите европски стандарди и вредности и земја која до 2030 година ќе стане дел од Европската Унија.

„Ве повикувам да го заокружите бројот 1, и јасно и гласно да им порачаме на сите евроскептици и сејачи на магла и страв дека граѓаните на Македонија сакаат подобра и посветла иднина во Европа. Нема застанување додека не ја направиме Македонија дел од Европа“, изјави Ковачевски, истовремено порачувајќи дека ниту тој, ниту наредната Влада предводена од СДСМ нема да се откажат од европската иднина на Македонија

Претходна вестМакедонија гласа на првиот круг претседателски избори
Следна вестМеѓу првите: Зоран Заев со сопругата Зорица и синот Душко гласаше во Струмица