Се бара раст на даноците во Македонија: Од 18% на 19%

1413

Светската банка и предлага на Македонија зголемување на ДДВ-то од 18 на 19 проценти. Исто така да се елиминираат и префецијалните стапки за оние производи и услуги кои не се неопходни, како една од мерките за зголемување на даночните приходи, пренесува Дојче Веле.

Според експертите на Светска Банка, Македонија ќе се справи со растечкиот долг, со подобрување на фискалната состојба преку зајакнување на буџетската дисциплина и подобрување во наплатата на даноците.

-Во последната деценија, земјата се соочува со повисоки фискални дефицити од споредбените земји од Западен Балкан, со ниво на долгот што надминува 62 проценти од нејзиниот бруто домашен производ (БДП). Оттаму, потребни се поголеми напори за да се осигури дека Северна Македонија ќе остане на патот кон приближувањето до Европската Унија (ЕУ), порачаа од Светска банка.

Предлог за зголемување на ДДВ неодамна дојде и од страна на бизнис секторот, но тие предлагаа да се зголеми на 19,5 %.

Исто така Светска банка предлага и постепено зголемување и изедначување на возраста за пензионирање на мажите и на жените во земјава, и постепено зголемување на стапка на придонес. Светската банка укажува дека земјата и натаму има пензиски дефицит, и без реформа тој дополнително би се зголемил.

Претходна вестМакедонија доби противници со кои може да се бори за пласман на првите две места
Следна вест23-годишно момче почина по пад од зграда во Скопје, отишоло таму да му однесе јадење на татко му