Јас сум лекар 15 години вакво нешто немам видено досега – доктор Ненад Лазаров бил сведок на страшната сообраќајка

1330

Двајца луѓе загинаа, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на патот Прилеп-Градско, соопшти Прилепското обвинителство.

Доктор Ненад Лазаров на социјалните мрежи сподели информација дека бил сведок на страшната сообраќајна несреќа.

Тој вели дека запрел за да им помага на повредените и оти она што го видел не може да се опише со зборови, туку било „повеќе од хорор“.

Сите повредени и загинатите, според него, се млади луѓе.

„Пред два часа како случајни минувачи на патот помагавме на тешка сообраќајка по Плетвар кон Кавадарци, двајца загинати и пет души тешко повредени, најстариот околу 40 години.

Ве молам и апелирам да возите нормално и внимателно, јас сум лекар 15 години вакво нешто немам видено досега. Не сакам ни да видам, шокантно беше и вечерва да се молиме сите останатите петмина млади да ги преживеат повредите“, пишува докторот на „Фејсбук“.

Претходна вестЈа убил Катарина, па се пофалил на брата му што сторил: Мајката на осомничениот за убиството кај Лесковац кажа се
Следна вестМногу пари и среќа во 2026 година за овие луѓе – еве што предвиде Баба Ванѓа