Ја покажал значката, и наредил на девојката да влезе во неговиот автомобил, а потоа полицаецот побарал..

1794

Полицаецот со иницијали Е.Б. на жена од Подгорица и ја покажал службената легитимација, и наредил да излезе од автомобилот и да влезе во неговиот, а потоа ја однел до железничката станица во Подгорица, ја допирал и и рекол да му се „покаже“…

Тој е уапсен, а по сослушувањето во Основното државно обвинителство во Подгорица му е одредена мерка притвор до 72 часа.

Од обвинителството објаснија дека го сомничат за сторено кривично дело противправно лишување од слобода.

„Осомничениот ја ограничил слободата на движење на женското лице користејќи ги своите овластувања и на тој начин што се легитимирал како полициски службеник, а потоа и наредил на жртвата да излезе од возилото во кое се наоѓала и да седне во неговото возило, за потоа да ја одведе до железничката станица во Подгорица, каде што ја допирал со рацете и побарал „да му се покаже“, велејќи дека дискрецијата е загарантирана, па кога оштетената се согласила да го размени нејзиниот телефонски број со него и му ветила дека ќе се видат наредната вечер, тој ја вратил во автомобилот“, велат од тамошната полиција

претходниот член,Ги ризикуваат своите животи за најмногу прегледи: Милиони го гледаа ураганот Милтон во живо на TikTok
Следната статијаСекоја година се шпекулира дека ќе се укине: Наскоро почнува зимското сметање на времето