Импровизиран кревет и кујнски нож на гаражното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска

679

Во подземна гаража на зграда во Центар пронајдени се импровизиран кревет и кујнски нож на гаражното место на претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Од МВР потврдуваат дека известен е јавен обвинител, предметите се подигнати за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 14.05.2024 во СВР Скопје од страна на Д.К. било пријавено дека на подрачјето на Центар во подземни гаражи, во нејзино гаражно место, биле пронајдени импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло, информираат од МВР.

Претходна вестВонредни најави од УХМР – Доаѓа невреме низ Македонија и посвежо време
Следна вестПочина мајката на осомничениот за убиството на малата Данка