Триесет и две годишен Македонец бил убиен во германскиот град Есен. Тој настрадал по расправија со двајца Еритрејци. Кавгата се претворила во тепчака во која, македонскиот државјанин бил тепан со пивско шише објави Билд.де.
Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил онесвестен, но за жал веќе било доцна.
32-годишниот Македонец почина во болница како последица на повредите потврди за Бил портпаролот на полицијата.
По извршената обдукција, констатирано е дека Македонецот починал како последица на нападите од тап предмет, односно од шишето.
Обвинителството во Есен го истражува случајот. Нема детали што била причината за расправијата која доведе до смрт.